Речиси 140 земји се согласија за сеопфатна реформа на глобалните правила за оданочување на мултинационалните корпорации со цел да се сузбијат даночните раеви и да се запре трката за намалување на даноците, што многу земји ги привлекуваат компаниите, додека други остануваат без потребниот приход, наведуваат светските медиуми, пренесува „Данас“.
Повеќе од 130 земји потпишаа глобален договор за реформа на корпоративното оданочување со цел елиминирање на даночните раеви, со проценка дека тоа ќе донесе повеќе од 150 милијарди долари од мултинационалните компании.
Спогодбата, како што наведува „Фајненшнл тајмс“ која претставува најголема реформа на корпоративното оданочување за повеќе од еден век, предвидува 15% од глобалните минимално ефективни даночни стапки на корпорациите со нови правила кои треба да ги присилат мултинационалните компании да пријавуваат профит и да плаќаат повеќе даноци во земјите каде што работат.
Договорот е триумф за Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) која со години се обидува да го потисне затајувањето данок меѓу корпорациите.
Според договорот, 136 земји, исто така, се согласија на двогодишна забрана за воведување нови даноци на технолошките компании како Гугл и Амазон, што може да и помогне на администрацијата на претседателот Џо Бајден во обид договорот да го ратификува и САД.