Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Бројни портали без импресум и основни податоци за нивната работа ќе добијат можност кај нив да се рекламираат политичките партии за претстојните избори. Регистарот на Државната изборна комисија е готов и покажува рекорден број од 249 портали кои поединечно можат да добијат до 15 илјади евра од еден учесник во изборите. Во меѓувреме, медиумските организации бараат итни измени на закони за да се спречи евентуална злоупотреба на пари од буџетот.
Политичките партии за претстојните претседателски и парламентарни избори ќе можат да се рекламираат на 249 портали, покажува регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми на ДИК.
Нашата проверка на сите портали на јавно достапната листа на ДИК на 7 и 8 март покажа дека од 249 портали, импресум (назначено кој е уредник, новинари, фотографи и слично) имаат 151 веб-страница, додека 74 портали воопшто немаат импресум, а 18 од нив имаат делумни информации за сопствеништвото на медиумот или пак локација или контакт информации.
Помеѓу порталите доминираат веб-страници наменети за вести и агрегатори за вести, но меѓу нив се провлечени и веб-страници за рецепти, услуги и грамофони.
Од пријавените портали, дури 43 немаат .mk домен, односно, меѓу тие кои немаат, доминираат домени со .com, а се среќаваат портали и со .al, .tv, .news, .info, .press, па дури и со .dk – националниот домен на Данска.
Пет од регистрираните портали немаат никаква содржина на нивните веб-страници, односно или се во изработка, се со суспендирани сметки или не може да се пристапи до нив. Дополнително, она што го покажа нашата проверка е дека најмалку уште пет портали се неактивни, односно немаат објавено никаква содржина во последните месеци.
На неколку портали веднаш може да се воочи дека пласираат идентични статии, а некои изгледаат речиси исто.
ДИК: Немаме надлежност за проверка на веб-страниците
Радио МОФ, меѓу другото, испрати прашања до Државната изборна комисија во однос на тоа како е возможно портали без јасно истакнати информации за нивната работа да се подобни за рекламирање.
Исто така, прашавме кои се критериумите во однос на регистрацијата, со оглед на тоа што меѓу регистарот се провлечени портали кои не објавуваат информативни и дневни вести, но и дека има веб-страници без македонски домени.
Но, оттаму накратко објаснија дека согласно Изборниот законик, Регистарот на медиуми се води врз основа на поднесеното барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централниот регистар, не постара од 30 дена.
„Државната изборна комисија нема надлежност согласно Изборниот законик да врши проверки на веб страните на електронските медиуми ниту на домените и постапува исклучиво согласно наведената одредба во однос на исполнување на условите докажани со доставување на валидна документација издадена од надлежните државни органи. Изборниот законик ги дефинира надлежностите на ДИК во однос на составување на Регистарот на медиуми“, велат од ДИК за Радио МОФ.
Медиумските организации предупредуваат за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за изборите
Пред неколку дена, преку заедничка реакција Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) предупредија дека платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба.
Тие велат дека за претстојните избори не биле земени предвид очекуваните измени во Изборната регулатива, со што велат дека останале старите проблематични решенија во законот и покрај забелешките кои биле дадени на повеќе консултативни средби.
Како последица на ова, тие посочуваат дека се пријавени 249 онлајн медиуми за државно финансирање во изборната кампања.
„Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес“, се истакнува во заедничката реакција на ЗНМ, ССНМ и СЕММ.
Дарко Дуридански кој е проектен координатор во ССНМ за Радио МОФ вели дека всушност во Изборниот законик нема измени во делот со финансирање на политичката кампања од страна на државата.
„Како ССНМ, целосно се противевме на тоа и во работната група беа изработени предлог-измени да не постои таквиот начин на финансирање на политичките кампањи во предизборието, туку да се врати на старото, каде што партиите нема да добиваат буџетски средства бидејќи тоа е сегашниот начин. Тоа не беше прифатено и си остана политичката кампања на партиите да биде финансирана од државниот буџет“, вели Дуридански.
Дуридански е дециден дека тоа не е добро, бидејќи, како што вели е основа за корупција и на медиумите, но и за извлекување на државни средства од страна на партиите.
За да се спречи злоупотреба на јавни средства од фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, медиумските организации во заедничката реакција нагласија дека е потребно да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија.
За ваквите законски измени, организациите повеќепати им укажале на Министерството за информатичко општество и администрација како надлежно министерство, но велат дека очигледно има недостаток од политичка волја за конструктивни законски решенија.
Дуридански објаснува дека со оглед на тоа што моментално онлајн медиумите не се опфатени со Законот за медиуми, а во последните години тие станаа речиси и мејнстрим, потребно е да се направат измени на Законот каде ќе се уреди овој дел и медиумите ќе бидат препознаени од Законот.
„Со тоа што, тоа не би значело никаква регулација, туку еден вид на регистрирање на онлајн медиумите, со тоа што ќе има одредени услови кои не се однесуваат на уредувачките политики, туку само на формални услови околу транспарентност на сопствеништвото, да има импресум, редовно да објавуваат и така натаму“, рече Дуридански.
Претседателските избори се закажани за на 24 април, а парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, заедно со вториот круг од претседателските избори. Изборната кампања ќе започне на 18 април на полноќ и ќе трае до 6 мај на полноќ.
Мартин Колоски
-
Pothuajse çdo i treti portal i paraqitur për reklamim zgjedhor nuk ka impresum
Një numër i madh i portaleve pa impresum dhe të dhëna bazë për zgjedhjet e ardhshme. Regjistri i Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve është gati dhe tregon numër rekord prej 249 portaleve të cilët individualisht mund të marrin deri në 15 mijë euro nga një pjesëmarrës në zgjedhje. Ndërkohë, organizatat mediatike kërkojnë ndryshime urgjente të ligjeve që të ndalohet keqpërdorimi eventual i parave nga buxheti.
Partitë politike në këto zgjedhje presidenciale dhe parlamentare do të mund të reklamohen në 249 portale, tregon regjistri i radiodifuzerëve, mediave të shkruara dhe elektronike i KSHZ-së.
Verifikimi ynë i të gjithë portaleve të listën e qasshme publikisht në KSHZ më 7 dhe 8 mars, tregoi se nga 249 portale, impresum (të shënuar kush ëshë redaktor, gazetarë, fotografë dhe ngjashëm) kanë 151 ueb-faqe, derisa 74 portale nuk kanë fare impresum, ndërsa 18 kanë informata të pjesshme për pronësinë e medias apo lokacion ose informata të kontaktit.
Në mesin e portaleve dominojnë ueb faqet e dedikuara për lajme dhe agregatorë të lajmeve, por në mesin e tyre janë tërhequr edhe ueb – faqet për receta, shërbime dhe gramafone.
Nga portalet e paraqitura, madje 43 nuk kanë domen .mk, përkatësisht, në mesin e atyre të cilët nuk kanë, dominojnë domene me .com, ndërsa hasen edhe portale me .al, .tv, .news, .info, .press dhe madje edhe me .dk, domen nacional i Danimarkës.
Pesë nga portalet e regjistruara nuk kanë asnjë përmbajtje në ueb faqen e tyre, përkatësisht ose janë në përpunim, janë me llogari të suspenduara apo nuk janë të qasshme. Gjithashtu, verifikimi ynë tregoi se, më së paku edhe pesë portale janë joaktiv, përkatësisht nuk kanë publikuar asnjë përmbajtje në muajt e fundit.
Në disa portale, menjëherë mund të vërehet se plasojnë lajme identike, ndërsa disa duken pothuajse njëjtë.
KSHZ: Nuk kemi kompetencë për verifikim të ueb faqeve
Radio MOF, mes tjerash, i dërgoi pyetje Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve në lidhje me atë, si është e mundur që portale pa informata të theksuara qartë për punën e tyre, të jenë të pranueshëm për reklamim.
Gjithashtu, pyetëm se cilat janë kriteret në lidhje me regjistrimin, duke pasur parasysh që regjistri përmban edhe portale të cilët nuk publikojnë lajme informative dhe ditore, por edhe se ka ueb-faqe pa domene maqedonas.
Por, prej aty sqaruan shkurt se, në përputhje me Kodin Zgjedhor, Regjistri i mediave mbahet në bazë të kërkesës së dorëzuar në KSHZ për regjistrim, me bashkangjitjen e gjendjes aktuale të nxjerrë nga Regjistri qendror, jo më vonë se 30 ditë.
“Komisioni Shtetëror i Zgjedhjeve nuk ka kompetenca që në përputhje me Kodin Zgjedhor të kryejë verifikime të ueb faqeve në mediat elektronike as në domenet dhe vepron vetëm në përputhje me dispozitën e theksuar në lidhje me plotësimin e kushteve të dëshmuara me dorëzimin e dokumentacionit të vlefshëm të nxjerrë nga organet shtetërore. Kodi Zgjedhor i definon kompetencat e KSHZ-së në lidhje me përbërjen e regjistrit të mediave”, thonë nga KSHZ për Radio MOF.
Organizatat mediatike paralajmërojnë për rrezik nga keqpërdorimi i parave publike në hapësirën online për zgjedhje
Para disa ditëve, përmes një reagimi të përbashkët Shoqata e Gazetarëve të Mediave (SHGM), Sindikata e Pavarur e Gazetarëve dhe Punonjësve Mediatik (SPGPM) dhe Këshilli për etikë në mediat e Maqedonisë (KEMM), paralajmëruan se, reklamimi i paguar politik mund të jetë edhe më tej objekt i korrupsionit partiak mediatik apo keqpërdorim.
Ata thonë se për këto zgjedhje, nuk janë marrë parasysh ndryshimet e pritura në Rregullativën ligjore, me çka thonë se, kanë mbetur zgjidhjet e vjetra problematike në ligjin edhe përkrah vërejtjeve që janë dhënë në më shumë takime konsultative.
Si pasojë e kësaj, ata theksojnë se janë paraqitur 249 media online për financim shtetëror në fushatën zgjedhore.
“Është e dyshimtë që një pjesë e tyre janë faqe me pronar të panjohur apo pa impresum, portale të sapoformuara për të cilat hapet dyshimi se, janë formuar me qëllim vetëm që të marrin para për fushatë, si dhe portale të cilat nuk publikojnë informata të interesit më të gjerë publik”, theksohet në reagimin e përbashkët të SHGM-së, SPGPM dhe KEMM.
Darko Duridanski, i cili është koordinator projekti në SPGPM, tha për Radio MOF se, në të vërtetë në Kodin Zgjedhor nuk ka ndryshime në pjesë e financimit të fushatës politike nga ana e shtetit.
“Si SPGPM, kemi kundërshtuar plotësisht atë dhe në grupin punues ishin përgatitur propozim – ndryshime që të mos ekzistojë mënyra e tillë e financimit të fushatave politike në periudhën parazgjedhore, por të kthehet mënyra e vjetër, ku partitë nuk do të marrin mjete nga buxheti sepse ajo është mënyra e tanishme. Ajo nuk u pranua dhe mbeti që fushata politike e partive të financohet nga buxheti shtetëror”, thotë Duridanski.
Duridanski është decid se, ajo nuk është mirë sepse, siç thotë, është bazë për korrupsion edhe të mediave, por edhe për marrjen e mjeteve shtetërore nga ana e partive.
Që të ndalohet keqpërdorimi i mjeteve publike nga mediat fantome dhe të shmanget dezinformomi i qytetarëve për procesin zgjedhor, organizatat mediatike në reagim të përbashkët theksuan se, nevojitet të bëhen ndryshme urgjente në ligjin për media për krijimin e një regjistri online në Maqedoni.
Organizata i kanë bërë thirrje disa herë Ministrisë për Shoqëri Informatike dhe Administratë si ministri kompetente që të bëjë këto ndryshime ligjore, por thonë se, dukshëm ka mungesë të vullnetit politike për zgjidhje konstruktive ligjore.
Duridanski sqaron se, duke pasur parasysh se, mediat online momentalisht nuk janë të përfshira me Ligjin e mediave, ndërsa në vitet e fundit ata u bënë pothuajse maistream, nevojiten që të bëhen ndryshime në Ligjin ku do të rregullohet kjo pjesë dhe mediat do të njihen nga ligji.
“Me atë që, ajo nuk do të nënkuptonte asnjë rregullim, por një lloje i regjistrimit të mediave online, me atë që do të ketë kushte të caktuara që nuk kanë të bëjnë me politikat redaktuese, por vetëm në kushte formale rreth transparencës së pronësisë, të ketë impresum, të publikojnë rregullisht dhe kështu me radhë”, tha Duridanski.
Zgjedhjet presidenciale janë caktuar për më 24 prill, ndërsa zgjedhjet parlamentare do të mbahen më 8 maj, së bashku me rrethin e dytë të zgjedhjeve presidenciale. Fushata zgjedhore do të fillojë më 18 prill në mesnatë dhe do të zgjasë deri më 6 maj në mesnatë.
Martin Koloski