„Red sound district“ е насловена холандско-македонска журка која ќе се одржи во сабота (4 април) во МКЦ. Настанот е организиран на два подиума и ќе ги соедини македонската и холандската електронска сцена.
Од Амстердам во Скопје доаѓаат Some Chemistry ( morgen.am, Studio 80), Francesco Robustelli Live (morgen.am Dogmatic), ME.N.U. (morgen.am, 8bit), Thom East (SEKOIA) и Arthur Robert (Reduction).
Од домашните диџеи пак ќе настапат Vidinovski (Argumento Music, 778), Mirko Popov (PMG Recordings), Goran Kan (Kerkez Music) и Nikola Simonovski (Sound Republic).
Почетокот на холандско-македонската журка е најавен во 23 часот.