Редици пред кофи-шоповите во Холандија откако властите наредија нивно затворање

Корисниците на канабис направија огромни редици пред холандските кофи-шопови откако владата на Холандија наредни нивно затворање поради пандемијата со коронавирусот.

Оттука, десетици муштерии стојат и чекаат за да се снабдат со залихи пред затворањето на кафулињата, кои можеби со недели нема да ги отворат своите врати.

Популарните холандски кафи-шопови станаа дел од националниот имиџ во странство како и секс-клубовите во амстердамскиот кварт на црвени фенери, на кои исто така им е наложено да затворат до 18 часот, како и останатите барови и ресторани.

Редовите се создале само неколку минути откако холандските министри за здравје и образование на конференција за медиумите најавија затворање на голем број комерцијални објекти, како и сите училишта во државата.

Слични сцени има низ целата земја, а на социјалните мрежи се објавуваат редиците во главниот град Амстердам и универзитетскиот град Утрехт.

Редиците за купување марихуана се создадоа и покрај тоа што холандскиот министер за здравство на конференција за медиумите вчера порача дека нема потреба од создавање големи резерви.