Outernational Inity е дружина обединета да го промовира регето во интернационални рамки. Во дружината членуваат повеќе реге имиња од различни држави во Европа и сите се со сериозен диџејски бекграунд, а во петок (23 август) од 20 часот ќе имаат реге настан во „Буква“
„Гето Руди е нашиот претставник од оваа дружина, потоа добро познатиот Rub-A-Dub Ramses од Холандија, кој ќе настапува заедно со RasTaphant од Унгарија, а вечерта ќе ја отвори реге дамата наречена LAY DNA, која има унгарско и естонско потекло! И на крајот, тука е и НиКој со неговите даб виртуозни плочи! Очекувајте енергична реге журка со Outernational Inity!“, стои во најавата за настанот.