На 30 и 31 март МОФ-цeнтарот во Тетово беше домаќин на регионалниот дебатен турнир на кој што учествуваа средношколци од Тетово, Струмица, Куманово и Дебар. Учесниците на турнирот дебатираа на тезата „ Употребата на илегални дигитални алатки за политички цели треба да се декриминализира“.
На турнирот учествуваа пет дебатерски тимови од Тетово, еден тим од Куманово и Струмица и два тима од Дебар. Во финалето се натпреваруваа Марија Зафировска, Елена Котевска, Стефан Серафимоски како афирмациски тим и Софија Петровска, Мартина Самојловска и Сара Јанеска како негациски тим. Најмногу освоени поени а воедно и победник на регионалниот турнир е негацискиот тим. За најдобар говорник беше избрана Марија Зафировска. Три дебатни тимови од Тетово и еден од Куманово продолжуваат во понатамошното натпреварување.
Првите четири рангирани тимови, ќе се натпреваруваат на годишното Националното дебатно првенство во Скопје, а победниците од таму ќе патуваат на светското дебатно првенство во Ирска. Турнирот се одржа во средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски“. Средношколците беа од различни етнички и верски групи, а дебатата се одржа на англиски јазик.
Преку дебатните клубови во овие градови, учесниите имаат можност да научат како аргуметирано да се изразуваат, да побиваат и одбиваат ставови, мислења, критички да размислуваат, како и да ги зајакнат своите ораторски вештини.
Бобан Костадиновски