Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8.000 членови, бара итна реакција од надлежните органи за лоцирање и казнување на лицатa кои последните неколку дена му се закануваа на Дино Јахиќ, главен и одговорен уредник на Центарот за истражувачко новинарство на Србија.
Според платформата, во изминатите десет дена, Дино Јахиќ и неговите колеги од Центарот за истражувачко новинарство на Србија постојано беа изложени на навреди кои подоцна прераснаа во сериозни смртни закани.
„Покрај негативните коментари и вулгарни навреди, пораките кои му беа испратени на колегата Јахиќ исто така содржат говор на омраза во врска со името и потеклото на новинарот, како и експлицитни смртни закани. Една од пораките кои му беа испратени гласеше: ‘Треба да ти направиме дупка во черепот’“, соопштува Платформата.
Оваа ситуација во која се наоѓа моментално Дино Јахтиќ, велат, е директна последица на изјавите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој го нападна главниот и одговорен уредник на ЦИНС на 21-ви август, обвинувајќи го дека го води центарот, кој со финансиска поддршка од меѓународни организации, ги уништува политичките структури во регионот, без да даде никакви докази за неговите опасни обвинувања.
„Со години, Здружението на независни новинари на Србија бара од сите актери на политичката сцена да прекинат со заканите, понижувањето и навредите кон новинарите, бидејќи, покрај загрозување на основните принципи на слободните медиуми и демократијата, ваквото однесување иницира вербални закани на социјалните мрежи, а не ретко резултираат и со напади врз новинарите“, рече Славиша Лекиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија.
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите бара од полицијата и обвинителството да ги идентификуваат и санкционираат лицата кои му се заканувале на колегата Јахиќ што е можно поскоро, бидејќи, велат тие, секое одложување на соодветната реакција на надлежните органи отвора простор за натамошно насилство против новинарите.
Според Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) овој случај е 18-ти регистриран напад врз новинарите во 2018 година во Србија.
„Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани“, потенцира Платформата.
BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association of Serbia
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.