Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г). Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти.
Направени се 3.337 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-159, Биотек-230, Систина-70, лабораторија Лаор-137, Синлаб-53, Ремедика-28, Плодност–31, Генеа-8, Никоб лаб-378, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.495.
Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.
Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје 5265, Куманово 953 и Тетово 835.