Река од млади луѓе се движи кон Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, јавуваат репортерите на Радио МОФ.
Според првичните проценки пред платото на УКИМ веќе се собрани неколку илјади студенти. Најави има дека ним ќе им се придружат и средношколците ,а веќе со нив се дел од професорите.
Бројката се зголемува во секоја минута. Се слушаат свирежи и извици „УА“ од огромната толпа пред УКИМ
Маршот според најавите тргнува од пред платото на УКИМ, ќе продолжи кон Собранието, за да заврши пред Владата.