Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа е потврден 241 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 73 случаи во Скопје, 60 во Штип, 32 во Тетово, 14 во Гостивар, десет во Куманово, осум во Кочани, шест во Гевгелија и по пет во Свети Николе и Прилеп. Потоа, четири случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица, по три случаи во Струга, Битола, Крива Паланка и Радовиш, по два случаи во Охрид, Демир Хисар и Кичево, и по еден случај во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово.
Од МЗ информираат дека починале осум лица, односно, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, и по еден пациент од Гостивар и Струмица.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66“, информираат од МЗ.
Институтот за јавно здравје регистрирал 51 оздравени лица, односно, 40 од Скопје, седум од Ресен и по еден од Битола, Пробиштип, Демир Хисар и Кичево.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните“, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се 17 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и седум деца позитивни на вирусот.
„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 84.916 тестирања на Ковид-19, а во изминатите 24 часа се направени 1.700 тестирања.