Рекорден број повици на 112 до сега, од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи во нашата држава биле регистрирани во изминатото деноноќие.
Како што соопштија од ЦУК, регистрирани биле вкупно 3.159 повици на 112 во последното деноноќие.
„Од нив ‘реални’ повици биле 59,32%, а 40,68% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Тоа е рекорден број повици на 112 во ЦУК до сега, од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи во нашата држава. Кон Полиција биле упатени 40,51%, кон Итната медицинска помош 17,61%, a кон пожарникарите 15,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 431 повик за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од ‘реалните’ повици (26,67%) и на тие што се именувани како ‘неитни повици’ (42,57%). Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи“, соопштија од ЦУК.
Истовремено, од таму информираа дека имало вкупно 28 пожари во последното деноноќие, од кои 13 се активни, 4 се ставени под контрола, 2 се локализирани, а 9 изгаснати.
Активни пожари има во:
- Општина Чашка с. Јаболчишта и с. Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)
- Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума)
- Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
- Општина Студеничани место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);
- Општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово (ниска вегетација и грмушки )
- Општина Чашка кај с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче (мешана шума и ниска вегетација)
- Општина Македонски Брод с. Слатина , кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација)
- Општина Проби Штип кај с.Гајринци(нискостеблеска и висока трева)
- Општина Чашка, кај с.Подлес (ниска стеблеста,деградиране шума и ниска вегетација)
- Општина Битола кај м.в Смолево (ниска вегетација и шума)
- Општина Прилеп, с. Небрегово (ниска вегетација и шума)
- Општина Долнени с. Небрегово (Нискостеблеста шума) удар од гром
- Општина Штип, кај Пепелиште (ниска вегетација)