Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 243 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.831 тестирања.
Оваа бројка е дневен рекорд на новозаболени во Северна Македонија од почетокот на епидемијата. Претходно, намногу новозаболени во еден ден беа регистрираните 241 случаи на 18 јули, додека вчера беа регистрирани 225 новозаболени.
Новозаболените се регистрирани во: Скопје-98, Струмица-21, Свети Николе-12, Прилеп-12, Кочани-11, Куманово-11, Струга-9, Радовиш-9, Берово-9, Штип-7, Битола-5, Охрид-5, Гостивар-5, Гевгелија-5, Валандово-4, Кавадарци-4, Велес-3, Тетово-2, Виница-2, Делчево-2, Крива Паланка-2, Неготино-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1.
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65 години), од Битола (82 години), и двајца од Куманово (72 и 80 години). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 100 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585. Денес се евидентираат четири контролни теста.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.