Религиозните луѓе веруваат поради нивната „емоционалното резонирање“, додека атеистите гледаат негативно на религијата бидеќи имаат аналитични мозоци.
Истражување објавено во Journal of Religion and Health, било спроведено врз 209 христијани, 152 нерелигиозни лица, девет Евреи, пет будисти, четири хиндуисти, еден муслиман и 24 припадници на други религии.
Сите групи пополниле тест за догматичност, емпатетски и морални проблеми, како и тест за нивното аналитичко размислување.
Крајниот резултат на истражувањето покажало дека религиозните учесници покажале висок степен на догматизам и емпатија, додека нерелигиозните луѓе имале подобра аналитичност.
Џаред Фриедман, еден од коавторите на истражувањето, објаснува: „Сознанието сугерира дека религиозните индивидуи може да се држат до одредени верувања, особено тие кои се косат со аналитичкото резонирање, бидејќи таквите верувања се слични на нивните морални убедувања“.
Според друго истражување на научници од Кејс Вестерн Резерв Универзитетот во Охајо, мозокот работи на два начини – емпатетски или аналитички.
Луѓето вообичаено го менуваат начинот на размислување, зависно од ситуацијата со која се справуваат.
Истражувачите откриле дека религиозните луѓе имаат претежно емпатичен ум, а атеистите се пред сè аналитични.
„Емоционалното резонирање им помага на религиозните луѓе да се чувствуваат посигурно – колку повеќе морална коректност чувствуваат во нешто, толку повеќе тоа го зацврстува нивното размислување.
Во контраст, моралните грижи ги прават нерелигиозните луѓе уште помалку сигурни“, објаснува професорот Ентони Џек, еден од авторите на ова истражување.
Оваа дихотомија, велат научниците, исто така постои и во цврстите убедувања кои ни го одредуваат животниот стил, како веганството, климатските промени или политичките верувања.
„Терористите, внатре во нивниот меур, веруваат дека тоа што го прават е многу морално. Тие веруваат дека ги поправаат грешките и штитат нешто свето“, додава Џек, тој ги поврзува и емоционалното и емпатетско размислување со одговорот кој луѓето го имаат на лажните вести и медиумските спинови.
Истражувањето не дознало дали има сличности меѓу двете екстреми на спектарот на религии.
Колку подогматично размислувал учесникот, толку помалку аналитички размислувал, дури и ако догмата била милитантски атеизам. Исто така, потешко ги прифаќале туѓите размилсувања и гледишта од друга перспектива.