Факултетот за музичка уметност при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип подготвува концерт со реномирани џез музичари од Соединетите Американски Држави.
Концертот е во соработка со Универзитетот на Калифорнија – Лос Анџелес (UCLA), а ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД во вторник, на 6 мај. На концертот ќе настапат Џејмс Њутн – флејта, Дејвид Вилсон – саксофон, Зак Рамејсиер – труба, Масаи Марселин – тромбон, Јона Левин –тромбон, Кифер Шеклфорд – пијано, Форест Мичел – тапани, Ерик Шибоски – бас.
Концертот ќе започне во 20.30 часот, а влезот е слободен.
Како што информираат од штипскиот универзитет, на 5 и 6 мај, со почеток во 10 часот, гостите од САД ќе одржуваат и работилници во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип на кои се поканети сите заинтересирани студенти.