Во текот на 2015 година, во светот биле убиени 110 новинари кои биле на работна задача. Од нив 28 биле жртви на исламистичките терористички организации, вклучувајќи ги Ал каеда и Исламската држава, а 67 лица биле убиени додека известувале, соопшти организацијата Репортери без граници.
Сирија и годинава била најсмртоносно место за новинари, каде биле убиени 13 репортери. По неа се наоѓаат Франција, каде биле убиени деветмина новинари, а по најмалку пет жртви има во Бразил, Бангладеш, Јужен Судан и Јемен .Според извршниот директор на комитетот, Џоел Симон, на најголем ризик се изложени репортерите што известуваат од Сирија и од другите подрачја каде што дејствуваат исламските екстремисти.
Франција за првпат се најде на врвот на оваа листа бидејќи меѓу жртвите на исламските екстремисти се и осум новинари што загинаа во Париз во јануари, во нападот на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.