Во Македонскиот народен театар (МНТ) на 15 јануари, среда, со почеток од 20 часот ќе се оддржи реприза на претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во режија и адаптација на Звездана Ангеловска.
Во претставата играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Сценограф е Мартин Манев, костимографка е Роза Трајческа-Ристовска, а композитор Марјан Неќак.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата.
Инаку, премиерата на „Бели ноќи“ се случи на 17 октомври во МНТ.