Птицата попозната како Јужнофлипински кингфишер (Ceyx mindanensis), за првпат е опишана пред 130 години за време на експедицијата„Стир“ на Филипините во 1890 година.
Оваа птица припаѓа на најмалиот вид на шумски кингфишери на Филипините, а е позната по силните металик виолетови, портокалови и светлосини точки.
Најмалиот вид на кингфишери живее во недопрените и длабоки шуми на островите Минданао и Басилан. Препознатливи по оригиналното црцорење, овие птици имаат висок тон што звучи како зуење на инсекти.
Научниците се збунети од однесувањето на кингфишерите веќе стотина години. Тешки за забележување, птиците се движат многу брзо и тивко.
Благодарение на Мигел Давид Де Леон, филипински биолог, за првпат после подолг период има фотографија од убавата птица, која за жал е во опасност од истребување.
Фотографиите се резултат на десетгодишна работа на тимот на Де Леон, кои преку теренски истражувања се обидувале да го документираат вгнездувањето и навиките за размножување на овој вид птици.
Де Леон и тимот од биолози патувале во шумите во Кагајан де Оро и вршеле десетгодишни истражувања од 2007 до 2017 година. Тие пронашле гнезда на две локации, но за жал првото било уништено пред да може да се соберат научни докази.
Второто гнездо било недопрено. Де Леон и тимот го пронашле второ живеалиште три метри над земјата, приврзано за дрво.
Јужнофлипинскиот кингфишер се храни со црви, мали гуштери и разни ситни бубачки. Уништувањето на средината во која живее, криволовството и климатските промени се најголемите закани за овој вид на птици.
Извор: Esquire