Иницијативата Ретвитни оброк по 180-ти пат повторно ќе готви за сограѓаните и секој е добредојден да се вклучи.
„Да помогне во подготовка и пакување на оброците во петок од 17 часот (во просториите на Гласност, улица ‘Петар Поп Арсов’ бр.6, Скопје). Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис или во Гласност. Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот на погоре наведената локација (за амбалажи контактирајте нè во порака или на групата)“, соопштува иницијативата.
Инаку, преку Ретвитни оброк потоа храната се дели во сабота (1 септември). Секој може да помогне и да се инспирира, да зготви, ретвитне, сподели храна со оние кои немаат, придонесувајќи за нивното здравје и остварување на основното човеково право.