Од 14 до 16 ноември во Белград ќе се одржи ревија на македонски филмови. На настанот посетителите ќе може да уживаат во македонски филмски класици, современи филмови, музички изведби и ексклузивни средби со автори.
„Македонската култура, а особено македонскиот филм и музика, се дел од богатото наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетени на возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свои. Ова чувство не произлегува само од заедничкото општествено-политичко минато, туку и од уметничките врски меѓу овие простори, каде културата и уметноста служат како поврзувачка нишка на Балканот“, велат организаторите и додаваат дека овој настан не е само прослава на македонската култура, туку и зајакнување на уметничките и културните врски што ги поврзуваат двата народа на Балканот.
Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент.
Програмата е следна:
Прв ден – 14 ноември (четврток)
– Отворање 19:00ч
– Журнали: Филмски новости
– Проекција: „Медена Земја“
– Q&A со режисерката Тамара Котевска
– Коктел со музика на бендот Пијан Славеј, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трницa
Втор ден – 15 ноември (петок)
17:00 – Мастер клас со Тамара Котевска
19:30 – Журнали: Филмски новости
– Проекции: „Дае“ и „Тетовирање“, автор Столе Попов
Трет ден – 16 ноември (сабота)
17:00 – Краткометражни македонски филмови
Проекции: „Северен Пол“ (Марија Апчевска), „Бубачки“ (Игор Иванов), „Човек со чудна навика…“ (Вардан Тозија), „Елена“ (Дина Дума), „Ливада“ (Митко Панов)
19:30 – Журнали: Филмски новости – Завршна проекција: „Панкот не е мртов“
– Разговор со Владимир Блажевски
– Коктел со музиката на Игор Василев Новоградска, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трница
Настанот, кој е во организација на продуцентските куќи ФИЛМОСКОПИЈА од Србија и НЕСТ Продукција од Македонија, ќе се одржи во УК Пароброд, Белград, со поддршка на: Министерство за култура на Република Србија, Општина Стари Град, Република Србија УК Пароброд, Филмски центар на Србија Филмски новости, Кинотека на Северна Македонија, Амбасада на Република Северна Македонија, Стопанска комора на Република Северна Македонија, Винарија Тиквеш Кораб Трница. Директор на ревијата е Јорданчо Петковски, а уметнички директор е Вардан Тозија.