Славниот британски режисер Ridley Scott („Alien“, „Blade Runner“) ќе снима филм за мексиканскиот наркобосу Joaquin Guzman, попознат како „El Chapo“, кој неодамна побегна од високо обезбеден затвор, јавуваат медиумите од Холивуд.
Режисерот Scott и студиото Фокс одлучиле да го пренесат на големото платно бестселерот на американскиот писател Don Winslow, „Картел“, кој е инспириран од мексиканскиот криминалец, кој побегна од затвор вторпат во последните 14 години.
Книгата „Картел“, која излезе од печат во јуни, доживеа голем успех, но во неа не се спомнува директно Guzman, туку шверцот на дрога во периодот од 2004 до 2014, во кој наркобосот бил активен. Scott веќе се занимаваше со мексиканските наркокартели во својот филм „Картел“ од 2013, во кој глумат Michael Fassbinder, Penelope Cruz и Javier Bardem.
Во богатата и полна со успеси кариера, Ridley Scottги има режирано и филмовите: „Black Rain“ (1989), „Thelma & Louise“ (1991), „Gladiator“ (2000), „Black Hawk Down“ (2001) „Hannibal“ (2001) и „Prometheus“ (2012).