Радио МОФ подкаст 004 – Latenta Project

004

Радио МОФ подкаст #004 – Latenta Project

Radio MOF podkast #004 – Latenta Project

 

Преземете го подкастот

Со мало задоцнување, но никако со мала важност. Радио МОФ Подкаст во февруари ќе се сервира двапати. Првото издание е со мала доза на олабавеност.  Ги знаеме како Мики и Димче или како Латента Проект.  Дип хаус дуото некое време беше отсутно од македонскиот клубски и радио етер.  Во почетокот на 2013 година го забележуваме нивното повторно враќање на музичката сцена, но овојпат со променет стил.  Ги замоливме да ни состават 100- минутно патување низ нивниот нов музички свет и истовремено да ни одговорат на неколку прашања. Хир гоус….

 

1. Како за почеток. Зошто Latenta Project?

На времето, “Кај си бе латентен?” ни беше маалски жаргон или зезанција. Нешто од типот буљаш, клошар, шабан, педерче итн.
Искрено, не ни размислувавме долго за име туку едноставно “Latenta Project” беше првото нешто што ни текна кога ја именувавме нашата прва песна и така и си остана до денес.

LP

2. Продукција проследена со пуштање музика или обратно?

Да не се лажеме, без разлика на DJ-ските квалитети, продукцијата е таа што може да те изгради како име и претстави на интернационалната музичка сцена.
Сепак, кога би морале да одвоиме едно, гладот и жедта кон нова музика е секогаш на прво место. Нема поубаво чувство кога после долгочасовното копање, селектирање, филтрирање, миксање, едитирање итн., ќе споделиш парче музика со истомисленици.
Нашата продукција е само логичен, еволутивен производ на настаните и обид да креираме нешто што би сакале и самите да го слушаме, без разлика дали во клуб или дома.

 

3. Премин низ стиловите…

Иако сме имале и по-light изданија, сепак кога ќе погледнеме назад низ годините, главниот фокус на Latenta Project беше house музиката. Како минуваа годините, лимитирањето на само еден жанр се повеќе ни пречеше во изразувањето се додека еден ден не решивме дека е доволно со house. Музиката повеќе не ја делиме на жанрови туку според квалитетот, без разлика во кој временски период е креирана и дали се работи за jazz, soul, funk, indie, hip hop, електроника… Едноставно бараме музика со душа.

 4. Wavesurfing Recordings, Proton Radio…

Proton е едно од најпознатите клупски интернет радија кое освен како радио, функционира и како голема издавачка куќа, мајка на голем број под-лејблови меѓу кои беше и нашиот Wavesurfing.
Освен како музички label, Wavesurfing функционираше и како месечно радио-шоу во кое редовно промовиравме нова и честопати неиздадена house музика. Овие podcast-и беа прилично слушани помеѓу deep-house фановите и причина поради која настапувавме во голем број клубови низ Европа и Азија.

 

 

   
                                                                                       

5. Интернационални настапи… Кога, како, каде?

Во периодот од 2007 па навака, Latenta Project успешно се вклопи во еден круг на Deep House следбеници. Комуникацијата со овие луѓе резултираше со настапи во Дубаи, Русија, Унгарија, Словенија итн.

 

6. Пауза 2011 – 2012LP

Како што спомнавме погоре, во овој период на пауза сфативме дека (барем за нас) клупската музика го нема оној жар што го паметиме. Можеби созреавме музички, можеби тој застој беше пресуден за тоа во кој правец ќе се движиме понатаму; како и да е, се почувствуваме презаситени од монотонијата и лимитираноста на 120 bpm-и. Паузата ни помогна да го освежиме нашиот звук, повторно да се пронајдеме себеси и да собереме сила да продолжиме со работа.

7. Нов освежен звук!

Во периодот на хибернација добивавме многу коментари и mail-ови со прашања зошто Latenta се повлече, дали и кога ќе продолжи итн.
Latenta по пауза од скоро 2 години, продолжува со работа, овој пат без планови и концепти. Едноставно сакаме убавата музика да ја споделиме со луѓето и се надеваме дека како и во минатото, повторно ќе наидеме на луѓе што уживаат во истата.

 

LP8. Каде може да се најде Latenta Project на интернет?

 

https://soundcloud.com/latenta-project

http://latentaproject.net

https://www.facebook.com/latentaproject

 

9. Планови за во иднина?

Бидејќи тотално го променивме стилот и звукот, Latenta е повторно на почетокот. Како што погоре кажавме, немаме никакви замисли и очекувања. Се што работиме е од љубов и не очекуваме никаков успех. Едноставно уживаме во патувањето наречено музика.

 

10. Past, Present, Future?

За оваа прилика решивме да склопиме специјален микс поделен на 3 сегменти. Избор на музика од минатото, сегашноста и иднината (as we see it).

Уживајте во селекцијата!

 LP

Радио МОФ подкаст #004 – Latenta Project

Radio MOF podkast #004 – Latenta Project

Преземете го подкастот

Tracklist:

PAST

1. Donovan – Barabajagal (Love Is Hot) [Epic]
2. Heaven & Earth – Jenny [Ovation Records]
3. Marcos Valle – Mentira (Chega De Mentira) [Odeon]
4. Pamoja – Oooh Baby [Keiper Production]
5. Deep Heat – Do It Again [Cu Wu]
6. Willie ‘Beaver’ Hale – Groove On [T.K. Records]
7. Sivuca – Ain’t No Sunshine [Vanguard]

PRESENT

8. Bixiga 70 – Grito de Paz [Agua Forte]
9. Sexy Fi – Loro on Loro [Far Out Recordings]
10. Stereolab – Blips, Drips and Strips [Elektra]
11. Benjamin Schoos feat. Laetitia Sadier – Je Ne Vois Que Vous [Freaksville Rec]
12. Tahiti 80 – Easy [Human Sounds]
13. Hawthorne Headhunters – Do 4 U [HVW8 Records]
14. Last Lynx – Killing Switch [SoFo Records]

FUTURE

15. Roseaux feat. Aloe Blacc – Walking On The Moon [Tôt Ou Tard]
16. Lion Babe – Treat Me Like Fire [LION BABE]
17. Toro Y Moi – Rose Quartz [Carpark Records]
18. Sepalcure – Fleur [Hotflush Records]
19. Koreless – Lost in Tokyo [Vase]
20. S O H N – The Wheel [Aesop]
21. Shigeto – Field Day (Braille Remix) [Ghostly International]