Радио МОФ подкаст #005 – Нино Наумов

Nino Naumov

Радио МОФ подкаст #005 – Нино Наумов

Radio MOF podkast #005 – Nino Naumov

Превземете го подкастот

Најновото издание на Радио МОФ подкастот ни носи фантастичен микс од Нино Наумов. Ни требаше време да го преслушаме, па да го качиме на сајт и конечно да го споделиме со вас. Ставете си слушалки, стиснете play и ве препуштаме на 100 минутно патување.

1. За тие помладите, опиши ни ја во кратко твојата поврзаност со електронска музика.?
– Најсилното влијание доаѓа од музичкото радио Канал 103, кога во периодот од 1991 до 1995 како средношколец имав желба, а подоцна и потреба да откривам нови и интересни музики и музички правци, кои беа и сеуште се далеку повозбудливи од она што се третира како музички меинстрим. Секако во мојата меморија од детство како некакви значајни музички доживувања, се врежани песните од ‪Visage – Fade To Grey и Queen – Radio Ga Ga, потоа пар посети на дискотеки од времето кога бев мал, но имав среќа да ме шетаат постари другари. Но сепак, најзначајно влијание имаат журките на Канал 103 во клубот Силекс 1994, кога ми се отвори еден скроз нов свет и начин на доживување на електронската музика која претходно можев да ја слушам само на радио. Од тогаш не сум престанал да одам во клубови и постојано сум во потрага по некој нов, различен и поинтересен звук од оној што сум го слушнал претходно, независно дали се работи за музичари и бендови од минатото или современи.

2. Што музика претпочита Нино овој период и како се подготвува за секој нареден сет?
– Мислам дека музиката што успева подолг временски период да го задржи моето внимание, обично исполнува еден многу едноставен критериум: да ми биде доволно возбудлива и да поседува некои непредвидливи и креативни решенија кои совршено функционираат т.е. да го предизвика она чувство на неверување дека на некој му текнало баш на таков начин да ги одработи своите музички идеи. Кога би требало да го изберам најомилениот музичар во моментов, некако спонтано се наметнува Vatican Shadow, но тука се и Silent Servant, Forward Strategy Group, целата банда Comeme, Pachanga Boys, Group Rhoda, Andy Stott, Prinzhorn Dance School, Planningtorock… А што се однесува до подготвувањето за нареден сет, тоа зависи од местото каде пуштам музика и мојата желба, пред се на себе си, да не си бидам досаден. Па обично моите сетови се комбинација од најновата музика што во моментот ми се допаѓа, некои новооткриени постари музики или песни кои сум ги пуштал на скопските подиуми во изминативе 16 години. Сето тоа сместено во микс кој може да почне со 100bpm, може да заврши со 125, а чија главна поента е да креира едно интересно музичко доживување кај оној што ќе тргне да го слуша од почеток до крај.

text

3. Доколку треба да избереш технолошка новина во диџеј сетот, што би било тоа?
– Мислам дека технолошките новини во диџеј сетовите се фасцинација за самите диџеи и дека обично се добри ако се во насока да го подобрат искуството на оние за кој е наменет сетот, а тоа се слушателите. Воопшто не ми е битна техниката која е користена како хардвер или техниката на пуштање на музика, се додека во преден план е самата музика и одличните песни кои некои музичари ги одработиле. Некои од работите што најмногу ми оставија впечаток од дружењето и слушањето на сетовите на моите пријатели од лондонската tech-house сцена се флуентноста на сетот, тајмингот ритмички да се забрза или успори сетот или пак целосното менување на атмосферата од еуфорична во помрачна и по-deep. Во секој случај, од сите овие години пуштање музика можеби најважна технолошка новина ми се софтверските DJ програми, кои овозможуваат со себе да ја имаш целата музика што ти се свиѓа и да се изненадуваш и себе си и останатите со песни кои сосема спонтано ќе влезат во сетот.

Nino Naumov & Gideon Jackson - Serious Fun4. Serious Fun беше во 2003та, дали по тоа издание продуцираше уште нешто и дали имаш планови за продукција во иднина?
– Serious Fun е резултат на една супер дружба со Gideon Jackson, чија музика ми се допаѓаше поради одличното чувство за ритам и бас линии, нешто што за мене е многу важно во музиката која ја слушам. Додека бев во Лондон, на негова покана, можев да почувствувам колку е прекрасно да работиш во музичко студио, да си дадеш слобода за експериментирање и преку взаемна комуникација да дојдеш до музика која искрено го отсликува целиот тој процес. Од друга страна, името Serious Fun доаѓа од едно популарно англиско хумористично шоу кое го гледав додека бев таму, а во кое, на свој препознатлив начин, неколку англиски комичари му се ругаа на светот. Секако тоа беше добра можност да сфатам што на мене ми значи Сериозно Зезање и како тоа има врска со музиката што ја слушам и живеам. Идеjата му се допадна на Gideon, и оп … искочи песна во која ние сериозно се зезавме на тема сериозно зезање. Пар дена подоцна бев комплетно изненаден кога ни понудија да ја издадат песната на London Housing Benefit. Иако поминаа повеќе години, чувството на убаво од работа во студио сеуште не ме напуштило и само го чека вистинскиот момент да се претвори во некоја нова песна :)


5. Кој е најдобриот сет кој мислиш дека си го испуштал и каде?
– Има неколку сета кои ми останале во сеќавање затоа што се поклопиле некои работи и ми ги направиле посебни, како на пример Аквадро со огромните стакла, надвор паѓа снег, а во позадина  Artifacts на Plastikman и слични музики. Или едно зајдисонце на третата плажа во Градиште, кога имаше само 4-5 пријатели да посведочат колку убаво во таков простор звучат The Coastal Commission. Некои драги пријатели викаат дека минатата година на Бела Ноќ во Дамар било прекрасно, а памтам и неколку одлични сетови на верските празници во Капан Ан заедно со Мирко Попов. А има и едно пуштање музика на вториот подиум во Силекс кога се потеше таванот од кондензација :)

 

Радио МОФ подкаст #005 – Нино Наумов

Radio MOF podkast #005 – Nino Naumov

Превземете го подкастот

Tracklist:

01. Andy Stott: Luxury Problems [modern love]2012
02. Vatican Shadow: Chechnya's Ghosts Loom Large In Death Of Former Spy [hospital 349]2012
03. The Asphodells: Late Flowering Lust [rotters golf club]2013
04. Cabaret Voltaire: Here To Go (Little Dub) [parlophone]1987
05. Saint Etienne: Snowplough [warner bros]2009
06. Submersible Machines: Cold Seep [ldr 005]2010
07. South London Ordnance: Revolver [hotflush 028]2013
08. Danny Benedettini: Trash Lovers [it 019]2013
09. Daniel Maloso: Cafe Obscuro [comeme cd002]2012
10. Philipp Gorbachev: I Want You So [comeme]2013
11. Peace Division: Blacklight Sleaze (Dyed Soundorom Remix) [dog 1201]2012
12. Tiefschwarz, Argenis Brito: No Message feat. Argenis Brito (David K's Allegro Remix) [souvenir music]2013
13. Paranoid London: Paris Dub 1 (Instrumental) [pdon 004]2012
14. Martini Bros: Presets Of My Mind feat. Roxzintra Thompson [poker flat ltd 01]2008
15. DJs Pareja: Saxo Temor [comeme 018]2012
16. Ana Helder: Berberecho [comeme 021]2013
17. Regis: Reclaimed 4 [dn 051]2012
18. Radial: Vandal [aar 042]2013
19. Skirt: Tumulto (Shifted Remix Part Two) [semantica 027]2013
20. Vatican Shadow: Church Of All Images [hospital]2011
21. Juan Atkins: I Love You (archiv #07 1995) [tresor 258]2013
22. Planningtorock: Misogyny Drop Dead [human level 002]2013

TOP 10:

  1. Planningtorock: Misogyny Drop Dead         [human level]
  2. Woolfy: Junior’s Throwing Craze        [public release]
  3. Discodeine: Aydin [pschent]
  4. Vatican Shadow: It Stands To Conceal [hospital]
  5. Ana Helder: Beating PC [comeme]
  6. South London Ordenance: Revolver [hotflush]
  7. VA: El Untitled [comeme]
  8. Radial: Caveman [aar]
  9. The Fall: Re-Mit [cherry red]
  10.  !!!: Thr!!!er [warp]

http://soundcloud.com/nino-naumov

http://twitter.com/ninonaumov

http://www.facebook.com/nino.naumov