Милиони жени во САД ќе го изгубат правото на абортус откако Врхивниот суд во САД одлучи да го поништи законот кој го легализира правото на абортус на национално ниво, пренесува „Би-Би-Си“.
Судот ја поништи 50 години старата одлука наречена „Ро против Вејд“, неколку недели откако протече документ со кој се планира правната одлука.
Со најновата судска одлука ќе се трансформираат правата на абортус во САД, а сите држави индивидуално ќе одлучуваат како ќе го регулираат абортусот.
Се очекува половина од државите во САД да воведат забрани и регулации на абортусот.
Тринаесет држави веќе усвоија закони кои автоматски ќе го забранат абортусот по одлуката на судот.
Истражување на „Планирано родителство“ предвидува дека абортусот ќе стане забранет за 36 милиони жени во репродуктивна возраст.
Во меѓувреме, луѓе се собираат пред Врховниот суд во САД за да ја протестираат одлуката.
HAPPENING NOW: People are gathering outside of the U.S. Supreme Court after the court overturned Roe v. Wade in a 5-4 decision, ending constitutional protections for abortion that had been in place nearly 50 years. https://t.co/rB73krKRHf
— The Associated Press (@AP) June 24, 2022