Со светкави црвени очи, страшни завивања и остри канџи, волци од Јапонија бараат кафени мечки. Но, не станува збор за вистински волци.
Оригинално создадени за да ги чуваат дивите животни подалеку од населени места и фарми, јапонските власти ги користат робот-волците како државна мерка за намалување на бројките на нападите од мечки.
За првпат употребени во градот Такикива во 2020 година, голем број на градоначалници сега се служат со робот-волците кои се произведуваат во фабриката „Волф Каму“.
Ваквата мерка е воведена откако во Јапонија се зголемиле нападите од мечки врз локалното население, велат властите.
Според научниците, со големото иселување на младите луѓе, се празнат селата, а со тоа се опустушуваат фармите, па дивите животни се населуваат во нив.
„Се’ повеќе се празнат руралните фарми кои се наоѓаат на ридишната. Тие се своевидна тампон зона помеѓу луѓето и дивите животни“, вели Шишуке Коике, професор на Токискиот универзитер за Агрокултура и Технологија.
Како резултат на тоа, мечињата се населуваат во напуштените фарми, и се навикнуваат на гласните звуци и светлината, па веќе не се плашат од луѓето.
Во последните шест децении, регистрирани се над 150 напади од мечки во северниот регион Хокаидо, инаку природно живеалиште на кафеавите мечки.
Околу 4 лица загинале, а над 10 биле повредени во напади на кафеава мечка во 2021 година, година кога се регистрирани највеќе напади.
Популацијата на мечките во Јапонија расте, додека генералната популација во Јапонија старее и се смалува. Според државните податоци, моменатално во регионото Хокаидо живеат околу 12.ооо илјади мечки.