„Роденден“ во МКЦ со изложби, поезија, концерти и филм

Со изложби, промоција на книга, поетски перформанс, концерти и филски проекции Младинскиот културен центар – Скопје (МКЦ) во четврток, 17 јануари, по 7-ми пат го организира настанот „Роденден“.

Влезот на настаните е бесплатен, а во продолжение ви ја пренесуваме целата програма која почнува од 16 часот:

18:00
Изложба на спектакуларни фигури од пластелин, изработени од 9-годишниот гениј Максим Цветановски и работилница за деца со нашиот child whisperer Dorotej Neshovski од 18 ч. во Детскиот креативен центар при МКЦ. 🎨🎈

18:00 Бесплатен филмски маратон
Љубовна филмска ревија во Џебно кино на која ќе можете да се потсетите на некои ремек дела на кинематографијата со емотикон срце.

Call Me by Your Name (2017) | 132′
режија: Luca Guadagnino

Song to Song (2017) | 129′
режија: Terrence Malick

Lost in Translation (2003) | 102′
режија: Sofia Coppola

Casablanca (1942) | 102′
режија: Michael Curtiz

20:00
Отворање на изложбата од 💔Музејот на раскинати врски💔 кој по 11 години повторно доаѓа пред македонската публика. Ќе можете да ѕирнете во интимата на луѓе од разни краеви на светот, кои одлучиле да се збогуваат со својата поранешна љубов, ослободувајќи се и од некој предмет кој што силно ги потсетува на неа.

20:30
Промоција на книгата „Радио“ на Ljupco Jolevski, еден од бардовите на македонското новинарство ќе се случи во Кино Фросина. Ова импозантно дело кое брои повеќе од 700 страници, ги интегрира во најголем дел интервјуата кои што авторот ги остварил со врвни имиња од македонската културна сцена во последните 5 години направени за Радио Слободна Европа

21:30 // Сала 25 Мај
Концерти на нашите Matej Foltz, Pluto’s Doubts, JUNE (ЏУН) како и одличните Igralom од Србија💃💃💃

22:00 // Горно фоаје
Поетски перформанс со млади и не толку млади поети и поетеси „Песнило“

23:00 // Бифе
💔Музика за раскинување, или слатко горчлива сонична романса со опасниот диџеј пар – Violeta Kachakova & Mirko Popov