Еко движењето „За почиста Македонија“ по повод својот прв роденден организира еколошка граѓанска акција за чистење. Акцијата ќе се одржи во недела, 25 јули, на стариот полигон под амбасадата на САД.
Граѓанската акција ќе започне во 18:30 часот, а за посетителите на акцијата ќе има обезбедено музика и торта.
Ќесите и ракавиците потребни за акцијата ќе бидат достапни на самата локација.
Покрај кревање на свеста за почиста средина и поеколошки животен стил, целта на движењето е создавање на една организација која ќе ги обедини сите досегашни организации кои се справуваат со проблеми поврзани со загадување, рециклирање и третирање на отпад во државата.