Неодамна, Џесика и Стив Ролд го земале својот двегодишен син од јасли, заедно со нивната ќерка. Тоа било само просечен ден.
Но, вработените им понудиле бизарни совети. На двојката им било предложено својата ќерка да почнат да ја облекуваат „за да заличи на девојче“ во однос на другите деца, а со цел полесно да го разберат својот пол.
Изненадени од советот, младиот пар следниот ден избра да се справи со ситуацијата со хумор, залепувајќи стикер на главата на ќерката.
Стив потоа ја постирал фотографијата на „Редит“, потег кој отворил дискусија – татковци почнале да споделуваат разни приказни за своите деца што растат во свет кој, се чини, се уште е фиксиран од родова бинарност, објави Инди100.