Меѓу сите други работи за на училиште кои деновиве ги купуваат родителите пред почетокот на новата учебна година, тие мора да издвојат пари дури и за тоалетна хартија која нивните деца ќе ја користат додека трае наставата, објави Мета.
Иако цената на оваа хартија не е висока, училиштата, односно општините кои се нивни основачи, не ја набавуваат.
Набавката на тоалетна хартија, сапуни, бришачи за раце, антибактериски гелови, влажни марамчиња, формално не е задолжителна, но сепак речиси сите родители ова го обезбедуваат на почетокот на секоја учебна година.
Во некои училишта, освен по околу 500 денари по дете за одржување лична хигиена, дополнително се собираат заеднички пари и за прибор и материјали кои се користат во текот на наставата.
Целиот текст ТУКА.