Зборовите се важни – особено оние на Американското дијалектолошко здружение. Здружението кое го проучува јазикот во Северна Америка, а инаку е составено од лексикографи, лингвисти, просветители и студенти, одлучи да го прогласи зборот во еднина „тие“ како збор на декадата на нивната годишна средба.
The Word of the Decade 2010-2019 is gender-neutral singular "they"! #wordofthedecade #woty19
— American Dialect Society (@americandialect) January 4, 2020
Според објавата на нивниот твитер профил, другите потенцијални победници во категоријата биле #BlackLivesMatter(#’ЦрнитеЖивотиСеВажни’), ’клима’, #’MeToo’ (#СегаКажувам), ’меме’ (мим), ’емоџи’, ’селфи’ и #woke ((општествено) #свесен/а). Најжестоката борба била помеѓу зборовите ’меме’ (мим) со 110 гласа и ’тие’ со 128 гласа.
Високото котирање на зборот ’меме’ (мим) било изненадување бидејќи појавата на феноменот ’мемиња’ се случи пред 2010. Најраните мемиња датираат од 2007 година. Сепак мемињата како начин на изразување го достигнаа својот мејнстрим статус во последните десет години. Членот на Американското дијалектолошко здружение, Блејк Зиммер, го поддржува изборот на зборот меме бидејќи според него, мемињата се вечни.
Сепак, родово неутралната еднина „тие“ е поприкладен победник за збор на декадата бидејќи дел од најголемите чувари на англискиот јазик официјално го прифатија како збор во последните десет години. Американската Психолошка Асоцијација го употреби зборот во нивниот речник, а Меријам Вебстер ја прогласни еднината ’тие’ за збор на годината во 2019. Според Кирби Конрод, член на Американското дијалектолошко здружение, родово неутралната еднина ’тие’ бил единствениот збор на листата кој со себе нови голема граматичка промена.
Иако Американското дијалектолошко здружение постои од 19 век, само два други зборови биле селектирани за зборови на декадата. Зборот ’мрежа’ (web) бил избран во 1990 година, додека зборот ’Google’ победил во 2000.
Во трка за збор на годината во 2019 се натпреварувале зборовите ’ОК бумер’, ’cancel’ (откажи), ’(my) pronouns’ (лични заменки) и ’Karen’ (Карен).
Зборот „ОК бумер“ бил на второ место со 88 гласа, а ’(my) pronouns’ (мои заменки) победил со 161 глас. ’(My) pronouns’ (лични заменки) се поистоветуваат со праксата на кажување на вашите соговорници со кој род да ви се обраќаат. Фрази како таа/неа, тој/него, тие/нив (во еднина) почнаа да се појавуваат во личните описи на корисниците на социјалните мрежи во текот на 2019.
Извор: Mashable