Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски е објавен во Хрватска, во издание на „Фрактура“ од Загреб, а во превод на Борислав Павловски, професор на Загрепскиот универзитет
По повод објавувањето на романот, Смилевски, заедно со писателите Клаудио Магрис, Предраг Матвеевиќ, Петер Надаш, Миљенко Јерговиќ и други, учествува на „Фестивалот на светската книжевност“, кој се одржува во Загреб од 5 до 17 септември. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура.