Во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, се одржа 5-от по ред натпревар за деца од 8 до 14 години, „NASA Kids Space Challenge 2019“, како дел од првата „Space Tech Convention“, во С.Македонија. За време на натпреварот децата работеа на претходно зададени предизвици и креираа всленски летала, ровери што истражуваат други планети и изработуваа живеалишта на други планети.
Откако ги слушнаа презентациите на сите 15 тима и поразговараа со сите учесници на темата, жирито ги избраа 3-те победнички тима: Миа, Јаков и Бодан (НОВА и ЕФИС) кои го изработија победничкиот ровер, Мелина , Софија и Ела (НОВА) и нивното креативно решение за тоа како би изгледала идна населба на Марс и Леон, Ведран и Леонид („Коле Неделковски“ и „Ацо Шопов“) кои работеа на дизајн на ракета и направија демонстрација на слетување со падобран. Најдобрите 5 модели се изложени на првата „Space Tech Expo“ која се одржуваше во Скопје, хотел Александар Палас од 21 до 23 октомври.
На натпреварот учествуваа деца од повеќе основни училишта од Скопје, НОВА, „Јахја Кемал“, ЕФИС, ИПС, „Димо Хаџи Димов“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Димитар Миладинов“, „Григор Прличев“, „Ацо Шопов“, „Лазо Трповски“, „Живко Брајковски“, „Коле Неделковски“, „Рајко Жинзифов“, „11 Октомври“, од основното училиште „Наим Фрешери“ од Тетово и „Малина Поп Иванова“ од Кочани.
За време на натпреварот децата користеа најразновидни материјали, а при изработката на моделите имаа помош од ментори од Народна Техника.
Целта на овој натпревар беше да се поттикне интересот кај децата за СТЕМ областите, аеронаутиката и дизајн на продукт, љубопитноста за проучување и истражување на вселената, како и нивниот интерес за решавање на предизвиците со кои се соочува човекот при планирање на вселенските мисии.
Натпреварот се одржуваше викендов, во просториите на меѓународното училиште НОВА во Скопје.