Идните академски граѓани од Република Српска (РС), барем според официјалните соопштенија, не знаат кој е нивниот одговорен ресорен министер, ниту пак знаат правопис, пренесува порталот „Бука.“
Раководството на студентската организација на Универзитетот во Бања Лука (SOBL), во своето официјално соопштение потпишано од нивниот претседател, Александар Војиновиќ, барајќи во буџетот за РС за 2014 година да не се намалува износот на средствата за студентите (што е сосема легитимно), се обрати лично до министерот Горан “Теглтиј“ наместо Горан “Мутабџиј, притоа нижејќи бројни стилски и печатни грешки.
И не е изненадувачки студентите да ги бараат своите права, но во најмала рака поразително е тоа што не водат сметка за официјалните соопштенија до медиумите, заклучува порталот.