„World of Wonder“, продукциската компанија зад шоуто, соопшти дека co 2021 година ќе пристигне и шпанска верзија од дрег трката, а водителот, жирито и учесниците ќе бидат објавени во наредните месеци.
„Навистина е чест што Шанија се приклучи во дрег фамилијата. Очекуваме да се восхитиме од гламурот на шпанските дрег кралици и на новата публика. Во овие темни и предизвикувачки времиња, веруваме дека на луѓето им е повеќе од потребно смеењето и задоволството што го има во натпреварите“, изјавиле Ренди Барбато и Фентон Бејли, ко-авторите на шоуто.
Шпанската верзија на дрег натпреварите ќе се приклучи на глобалната франшиза која има свои верзии и во Тајланд, Холандија, Канада, Чиле и Британија, каде шоуто беше обновено со втора и трета сезона.
Извор: Dazed&Confused