Од вчера за в.д. директор на ЈУ Младински културен центар е назначен Русе Арсов, досегашен програмски уредник на Младинскиот културен центар, звршен продуцент и член на програмскиот совет на фестивалот „Млад Отворен Театар“.
Со тоа завршува осумгодишната соработка со досегашниот директор Златко Стевковски.
„На нашиот колега Русе, му посакуваме среќа и несебична поддршка достојно да продолжи ги брани боите на МКЦ!“, се вели во соопштението.
Русе Арсов е дипломиран на отсекот за филмска, тетарска и ТВ продукција, на Факултетот за Драмски уметности, при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје. Како продуцент се појавува во филмските проекти „Северен лет“ (2004) и „Дом“ (2005).