Руското Министерство за економски развој предлага да им се забрани на државните службеници и вработените во армијата да користат мобилни апликации на странски компании, објавија руските медиуми.
Предлогот веќе е испратен до претседателот на државата.
„Се предлага за службена коресподенција да се користат руски месинџери“, потврди претставник од Министерството.
Ограничувања може да ги погодат Gmail и популарните апликации WhatsApp, Viber, Skype и Telegram. Мерките би важеле и за компаниите каде државата има учество и за државните монополи.