Вакцина против Ковид-19 во форма на спреј за нос може да биде достапна наесен идната година, по клиничките тестови, рече директорот на „Вектор“, рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Ринат Максјутов, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
„Многу лаборатории ширум светот работат на вакцина во форма на капки за нос, но досега се тестираат на лабораториски животни. Бидејќи се потребни клинички тестирања, мислам дека вакцината ќе биде достапна следната есен“, рече Максјутов.
Според претходните извештаи, рускиот центар „Гамалеја“ планира да започне со тестирање на овој тип вакцина на крајот од 2021 година или почетокот на 2022 година, како и да ја регистрира следната година.