Руската новинарка Марина Овсјаникова, позната по тоа што упадна во ударните вести на државната телевизија во знак на протест против војната во Украина, објави автобиографска книга во која ја опишува медиумската „фабрика за пропаганда“ во Москва, јавува Франс 24.
Книгата е објавена денеска во Германија. Исто така, денеска се одржа и прес-конференција во Париз во канцелариите на Репортери без граници (РСФ) на која таа раскажа за нејзиното бегство од Русија со нејзината ќерка, со помош на РСФ, пред четири месеци, кога беше во домашен притвор.
Со наслов „Zwischen Gut und Böse“ (Помеѓу доброто и злото, како конечно се спротивставив на пропагандата на Кремљ, забелешка на уредникот), книгата од 200 страници подоцна ќе биде објавена на англиски и француски, изјави германскиот уредник Ланген Милер за АФП.
На почетокот на книгата, до која АФП имаше увид, новинарката го раскажува прекинот на вестите во живо на државната телевизија, со натписот на кој пишуваше анти-воени пораки.
Нејзиниот радикален чин е одлука што сама ја донела, напиша таа, бидејќи повеќе не можела да ги поднесува лагите на рускиот режим.