Украинскиот суд денеска осуди 21-годишен руски војник на доживотен затвор за убиство на украински цивил. Ова е првата пресуда за воени злосторства по инвазијата на Москва која започне пред три месеци, јавува „Асошиејтед прес“.
Вадим Шишимарин ја призна вината дека застрелал цивил во главата во село во североисточниот регион Суми, на почетоците од војната.
Првиот руски војник кому му се судеше за воени злосторства призна вина
Тој сведочеше дека пукал во човекот откако му наредиле. Шишимарин пред судот изјави дека еден офицер инсистирал дека цивилот можел точно да им ја одреди нивната локацијата на украинските сили.
Пресудата доаѓа во време кога тримесечната војна придонесе да се зголеми бројот на раселени луѓе ширум светот на рекордно ниво, според Обединетите нации.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на Светскиот економски форум на отворањето во Давос, Швајцарија, повикувајќи на „максимални“ санкции против Русија.
Преку видео тој рече дека санкциите треба да продолжат понатаму за да се запре агресијата на Русија, вклучително и ембарго на нафта, блокирање на сите баки и целосно прекинување на трговијата со земјата.
Зеленски вели дека неговата земја го забавила рускиот напредок и дека храброста на неговиот народ поттикнала невидено единство на демократскиот свет.