Рускиот опозиционер Алексеј Навални е префрлен од казнената колонија број 2 во Покрово, во колонијата на строг режим ИК-6 во Мелехева во Владимирската област, пренесува Данас.
ИК-6 е познат по извештаите за мачење затвореници. Па така, во 2021 година, Павел Зотов кој беше таму затворен од 2009 до 2021 година, зборуваше за малтретирањето. Тој се присети дека во ИК-6, осуденици во полициски униформи го легнале на подот, го соблекле, му ги врзувале рацете и нозете и го тепале со палка по петиците и препоните, укажува Олга Лаутман, од Центарот за европска политичка анализа, на својот блог.
Во декември минатата година, 27-годишниот затвореник Жобир Журајев рече дека чуварите и затворениците кои соработувале со администрацијата систематски го тепале, мачеле, изгладнувале и му се заканувале со силување.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш вчера соопшти дека тој бил изнесен од колонијата ИК-2 во Покрово.
„Адвокатот што дошол да го види го држеле до 14 часот на пункт, а потоа рекле ‘Нема таков осуденик. Не знаеме каде е сега Алексеј и во која колонија го носат’“, напиша таа на Твитер.
Alexei Navalny @navalny was transported away from the penal colony No. 2.
His lawyer, who came to see him, was kept at the checkpoint until 14.00, and was then told: “There is no such convict here.”
We do not know where Alexei is now and what colony they are taking him to.— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) June 14, 2022
Според зборовите на Јармиш, ниту адвокатите, ниту роднините на Навални не биле однапред информирани за неговиот трансфер.
Навални заврши во колонијата откако Окружниот суд во Симоновски на почетокот на февруари ја промени условната во затворска казна од 3.5 години. Формалната причина била што опозиционерот не дошол во казнено-поправната комисија да се пријави во закажаните денови, бидејќи од август 2020 година откако беше отруен со новичок и пренесен во Германија, воопшто престанал да се јавува кај инспекторите.
Навални и неговите адвокати го уверувале судот дека тој не е физички во можност да го посети инспекторот, бидејќи прво бил на болничко, а потоа на амбулантно лекување во германска клиника, а за тоа го известиле казнено-поправниот инспекторат.
Судот на 22 март го осуди Навални на 9 години затвор во случај за измама и навреда на судот. Обвинителката Надежда Тихонова побара 13-годишна казна во колонија под строг режим.
[Обновено] Рускиот опозиционер Навални доби нови 9 години затвор