Српската група С.А.Р.С (Свеже Ампутирана Рука Сатријанија) го објави својот четврти студиски албум, со наслов „Икони на поп културата“. Албумот претходно беше најавен со синглот „Дане бројим“, а групата ќе го промовира на белградскиот концерт на 28 февруари. Новиот албум на С.А.Р.С може бесплатно да се преземе од официјалната веб-страница на групата.