Италија прославува поради враќањето на 266 музејски антиквитети од страна на САД, колекција која вклучува антички римски мозаици, монети и вази.
Артефактите биле нелегално украдени и тргувани меѓу американските музеи и приватните колекционери во деведесеттите.
Од одделот за уметност при италијанските Карабиниери изјавиле дека сопственикот на колекцијата „спонтано“ ги вратил дел од објектите откако инспекторите заклучите дека тие потекнуваат од нелегални копања на археолошки наоѓалишта.
Италија веќе со децении спроведува кампања за да ги врати артефактите кои најчесто се крадени од самите наоѓалишта, па потоа продавани на приватни колекционери или светските музеи.
Меѓу вратените артефакти е ваза која датира од 335 година пр.н.е, а јули годинава била конфискувана од приватен колекционер во Њујорк.