Соединетите Американски Држави станаа втората земја во светот, по Сингапур, која го отвори патот за вештачкото месо, со тоа што вчера им одобрија на две компании за првпат да продаваат „пилешко месо“ одгледано во лабораторија.
Компаниите „Upside Foods“ и „Good Meat“ веќе добија одобрение од Американската агенција за безбедност на храна и лекови (ФДА) во ноември, додека Министерството за земјоделство минатата недела ја провери и одобри регуларноста на етикетирањето на тие производи.
„Оваа дозвола суштински ќе го промени начинот на кој месото стигнува до нашите трпези“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на „Upside Foods“, поздравувајќи го „џиновскиот чекор кон поодржлива иднина“.
Соосновачот и извршен директор на компанијата „Eat Just“ Џош Тетрик која е мајка фирма на „Good Meat“ беше воодушевен што местото одгледано во лабораторија сега е „дозволено за продажба“.
Производите на двете компании наскоро ќе бидат достапни во неколку ресторани, уверуваат од „Eat Just“.