Во организација на „Пондер“ и „Контра кадар“, викендов, од 30 септември до 1 октомври, ќе се одржи Саем за книги и стрипови.
Со почеток во 12 часот, во битолскиот локал „Порта Џез“ ќе се отвори саемот, а веднаш потоа следува промоција на издание на Ponder Books – re:vivify на Гаја Смилевска и Тажни, заљубени виножита на Михаил Марковски и Бојан Станиќ.
Првиот ден ќе продолжи со дискусија со „Урбариум“ на тема „Читачките навики на битолчани“, а ќе биде заокружен со музичките настапи на „Црно дете“ (СРБ) и „Такси Конзилиум“ (МК), насловени „Џез подома си слушаме“.
Вториот ден од саемот, 1 октомври, ќе започне во 13 часот, кога во „Порта џез“ ќе биде промовирана книгата „A Small Roma Memory Book“ од авторката Џемилиана Абдулова во издание на PrivatePrint.
По книжевната промоција ќе следува мини-концерт на Хана Корнети, по што ќе следува затворање на саемот.
Во текот на двата саемски денови, посетителите ќе имаат можност да проследат изданија од издавачките куќи „Темплум“, „Урбариум“, „Или-или“, „Бункер“ и „Бегемот“.