Саем на студии во Франција утре во НУБ „Св. Климент Охридски“

Утре (31 октомври), од 12 до 16 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се организира традиционалниот Саем на студии во Франција.

Заинтересираните студенти од земјава на саемот ќе може да се информираат со можностите за студирање во Франција, но и да слушнат приказни од студенти кои одлучиле да го продолжат школувањето во оваа држава.

„Овогодишниот Саем претставува една „задолжителна“ средба за македонските студенти кои имаат желба да продолжат со студии во Франција и да ги добијат потребните информации околу студентските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, а воедно и да се информираат околу програмите за стипендии и за студентскиот живот во Франција“, информираат организаторите – Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Одделот Кампус Франс.