Во четврток (25 април) во Младинскиот центар Охрид (МЦО) ќе се одржи Саем за образование и кариера.
На саемот, како што е најавено, 5 средни училишта и 11 високообразовни институции ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење. Дополнително е предвидено и кариерно советување од лиценцирани кариерни советници.
Како што посочуваат од МЦО, настанот е насочен кон идните средношколци и студенти и нуди платформа за претставување на образовни можности и кариерни патеки. Целта, како што додаваат е да обезбедат информации и можности за студирање на полуматурантите и матурантите од Општина Охрид.