Саем за пракса и вработување на Машински факултет

На 15 и 16 октомври на Машинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, ќе се одржи Саем за пракса и вработување.

Како што информираат организаторите на Саемот ќе чествуваат 20 компании а ќе се одржи и форум: „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“.

Агендата е следна:

15.10.2024 година (вторник)

Свечено отварање на Саемот: 12:00 часот

Локација: холот на Машински фкаултет

– Проф. д-р Златко Петровски, Декан на Машински факултет – Скопје

– Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, Раководител на Центар за кариера на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

– Проф.д-р Радмил Поленаковиќ, Раководител на Центар за кариера на Машински факултет во Скопје

16.10.2024 година (среда), 11:00 часот

Форумот „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“

Локација: Машински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, просторија 225 (2 кат),

1 дел: 11:00 – 12:30 часот.

Учесници

– Г-дин Боријан Борозанов, Генерален директор на Џонсон Мети

– Г-дин Веле Самак, Директор за приходи во МИКРОСАМ

– Г-дин Орце Симов, потпретседател на Сојуз на стопански комори и извршен директор на ИКТ комората

– Проф. д-р Валентина Гечевска, про-ректор на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

– Проф. д-р Сања Поповска Василевска, потпретседател на Македонската асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“

Модератор: проф. д-р Радмил Поленаковиќ, Машински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Пауза: 12:30 – 12:45

2 дел: 12:45 – 14:00

Учесници:

– Претставници од Секторите за човечки ресурси на компаниите присутни на Саемот

Модератори:

– Проф. д-р Трајче Велковски, Раководител на Центар за извонредност за зелени иновации,

– М-р Дарко Петровски, Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси

Коктел: 14:00 – 15:00