Светскиот самит на лауреати на Нобелова награда во Кејп Таун е откажан поради тоа што јужноафриканските власти одбија да му дадат виза на тибетанскиот духовен лидер Далај Лама, изјави добитникот на Нобелова нагдара за мир, Џоди Вилијамс.
– Самитот е откажан бидејќи повеќе добитници на Нобеловата награда одбија да присуствуваат, истакна Вилијамс во индискиот град Дарамсала, седиштето на Далај Лама, пренесе МИА.
Јужноафриканскиот добитник на Нобелова награда за мир Дезмонд Туту ја обвини Владата дека со неиздавањето на виза за Далај Лама „плука во лицето на покојниот херој на апархејтот Нелсон Мандела“.
Шест лауреати, меѓу кои и американскиот активист Вилијамс, минатиот месец одлучија да го бојкотитра мировниот самит во Кејп Таун, што требаша да се одржи од 13 до 15 октомври.
Градоначалничката на Кејп Таун, Патриша де Лил изјави дека конечната одлука за самитот ќе биде објавена во текот на денот.