„Самоглас“ ги објави аудио книгите „Поправање на грешките“ од Аријан Лека и „Нови авантури на близнаците“ од Милутин Ѓуричковиќ, кои станаа дел од ризницата од седумдесетина книги достапни на платформата.
Аријан Лека е албански поет, прозаист, есеист, детски писател, преведувач, основач и раководител на потескиот книжевен фестивал „Поетика“. Милутин Ѓуричковиќ е поет, романописец, критичар, доктор по книжевност кој има објавено шеесетина книги за деца и возрасни. И двајцата се добитници на многу меѓународни и домашни книжевни признанија, а нивните дела преведени на македонски сега добија и свои аудио верзии.
„Самоглас“ (www.samoglas.mk) е мобилната и веб апликација за слушање аудио книги на македонски јазик стана достапна за јавноста во јануари 2020та година. Оттогаш, па до денес се објавени над 70 книги, а платформата ја користат над 9.500 регистрирани корисници.
Мобилната апликација на #Самоглас е достапна на Google Play, App Store и Huawei Gallery. Регистрацијата и слушањето на сите аудио книги се бесплатни.