По првата изложба „Лица и улици”, вечерва, на 13 јули, во „Буква“ ќе се отвори втората самостојна изложба на фотографии на Никола Јовановиќ. Изложбата е насловена „Лица, зборови, светови“ ќе се одржи на отворено и ќе започне во 20 часот.
Изложбата е организирана во соработка со неформалното здружение за културно и креативно изразување „Култура ẞ“ и кафе-книжарницата „Буква”.
Никола Јовановиќ е матурант во ДСУЛУД „Лазар Личеновски” – Скопје и активно се занимава со фотографија. Тој е учесник е на повеќе групни изложби, а веќе ја има и одржано својата прва самостојна изложба „Лица и улици” (КО-РА, март 2021).