Во петок во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје – Отворено Графичко Студио, ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот и граѓански активист Филип Јовановски наречена „Силата на Спартакистите или моќта на љубовта?!“.
Изложбата е во соработка со левичарското движење Солидарност (Горан Јанев, Мариглен Демири, Артан Садику, Fabio Matioli), Ивана Васева, како и со висококваликфикуваните работници учесници во изградбата на проектот „Скопје 2014„ – Насрет Елмазовски, Горан Јовановски и Сашо Николовски.
Проектот претставува лична архива на фрагменти од неколку авторски проекти коишто го третираат поимот на слободата во различни социјални и политички контексти, и тоа:
Слободата го води народо!, инсталација,
Прима Центар Берлин Октомври 2011,. (Не зјапајте романтично – Тапани во ноќта, Бертолт Брехт)
Три лесни парчиња, предлог за опера во три чина, инсталација ,
Центар за Култура Битола, Декември 2012,
I’m a romantic. I claim there’s no real revolution without free love.
(WR Mysteries of the Organism, Dusan Makavejev)
За Општина Центар , акција во јавен простор, Утопии Дистопии, КООПЕРАЦИЈА, Април 2013,
Ideas of man are the most direct emanations of their material state. Karl Marx
Како крајна фаза на ова дело во форма на триптих следи:
1.А надвор… надвор е касапница, единствена вистинска.Или секој човек е најдобар во својата кожа?! Со штитот или без него?!
2. Гинат сиромаси. Куќите се уриваат врз нив. Светнува утрото а тие лежат по асфалтот испоудавени како мачки. А јас? Јас сум свиња! И свињата сега си оди дома!
3. НЕ ЗЈАПАЈТЕ ТОЛКУ РОМАНТИЧНО! Вие лихвари, вие кожодери, вие лицемерни кукавици..!!!)
Делото претставува заокружување на двегодишната работа со висококвалификуваните работници учесници во проектот Скопје 2014 коишто во случајот учествуваат во самата изведба на делото и со тоа во позиционирањето на производството на културата како политичка одлука, а не техничко организациска, независна од општествени потреби и проблеми.
Во последната фаза од процесот како посебна целина е делот во кој во соработка со левичарската организација Солидарност, работниците веќе учествуваат во изработката на самото дело, учествуваат во процесот на продукција на уметност, го „користат„ занаетот за изработка на уметност како алатка во додефинирање или преиспитување на нивната позиција во општеството.